Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ.
Ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен за поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ.
– Го поздравуваме компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање. Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за да се придвижи напред. Овој дух на конструктивен компромис врз кој се гради европската интеграција треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени во овој историски процес, се вели во заедничката изјава.
Европската Унија и САД, како што се наведува, се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и