Фудбалерот Усман Дембеле се согласи за нов договор со Барселона, објави „Мундо Депортиво”.
Според шпанскиот спортски весник, 25-годишниот Французин ќе потпише договор со важност до 2024 година. Според новиот договор неговата плата ќе биде намалена за 40 %.
Претходно претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека играчот изразил желба да остане во тимот. Беше објавено дека за играчот се заинтересирани Челзи и Баерн Минхен.
Минатата сезона Дембеле постигна два гола и 13 13 асистенции на 32 натпревари за каталонскиот клуб.