Ковачевски: Величественоста на Курбан Бајрам нè потсетува дека неволјите можеме заеднички да ги совладаме во духот на вековната традиција на соживот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска им го честиташе големиот муслимански празник Курбан Бајрам на сите верници кои го празнуваат. Премиерот Ковачевски со желби за добро здравје, среќа, мир и благосостојба испрати и телеграма со честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Хавз Шаќир Ефенди Фетаи.

„Денешниот голем муслимански празник Курбан Бајрам нè потсетува на нашата најважна човечка мисија – во духот на трпението, несебичноста и пожртвуваноста да се погрижиме за најблиските и сите оние на кои им е потребна подадена рака и да ги сочуваме великодушноста, сочувството и солидарноста кои сега ни се потребни повеќе од било кога.

Величественоста на Курбан Бајрам едновремено нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот.

Со  желби за добро здравје, мир благосостојба на сите верници од исламска вероисповед Ви посакувам празничните денови да ги поминете во духовна радост и верба во подобрите времиња кои заеднички ќе ги славиме во нашата заедничка татковина.

Нека биде благословен и честит празникот Курбан Бајрам!”, стои во ФБ статусот на премиерот Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави