Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
-Денес целиот исламски свет го слави празникот Курбан Бајрам, што е влезен во историјата на човештвото со овенот што Алах му го испрати на пророкот Ибрахим да не го жртвува неговиот син.
Посакувам овој празник да биде проследен не само со искрени честитки, туку и со посета на блиските и со добри дела, бидејќи овој ден е ден на милост, прошка, разбирање, добрина и мир, наведува Таравари во честитката.
Градоначалникот Таравари изразува желба сите недоразбирања, војни, лутини и омрази да престанат по повод овој Бајрам.