Договорен состанок во Тирана за регионална енергетска координација пред грејната сезона

Кон средината на јули годинава во Тирана ќе се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Ова е договорено на онлајн состанокот на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Како што соопшти ЕСМ, на состанокот на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ што се одржа вчера, една од темите беше енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона.

Меѓу главните точки, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји, беше и енергетската криза.

Треба да знаете
Последни објави