Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека чекањето нов предлог не ни е во прилог бидејќи и досега сме имале предлози кои биле или за нас целосно прифатливи, а за Бугарија неприфатливи или обратно.
-Мислам дека сега сме на точката каде што имаме компромисно решение, каде што и ние сме задоволни за некои работи, за некои помалку задоволни и Бугарија е да речеме за многу работи можеби незадоволна меѓутоа ја искористивме онаа ситуација една Влада заминува, а Парламентот изгласа некоја позиција, што е во некоја рака добро за нас, рече Маричиќ во денешното радио гостување на „Канал 77″.
На прашањето за македонскиот јазик и идентитет, вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека тоа во меѓународни рамки го имаме го имаме решено со потпишувањето на Договорот од Преспа, врз негова основа е впишано во нашата лична карта во Обединетите Нации.
-Кој што сака може да каже, но тоа што имаме е прифатена и усвоена од Бугарија преговарачка рамка, со заштитен македонски јазик и идентитет. Навистина ќе биде штета да пропадне шанса и прилика која не знаеме дали по неколку месеци или по неколку години ќе ја добиеме пак. Не е добро за нас да бидеме повторно тема на изборите во Бугарија, да се отвора простор за дискусија за нашата европска иднина и да собираат поени на македонското прашање кога имаме чиста ситуација во нашиот македонски јазик, прв пат во историјата на нашите односи со Бугарија, изјави вицепремиерот Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека ако сега останеме во место и да чекаме некои подобри времиња, ако решиме да не го прифатиме, остануваме со Косово и Босна и Херцеговина, кои имаат сериозни структурни предизвици околу заокружување на нивната државност.
– Наш е изборот во која група сакаме да припаѓаме и како сакаме да се развиваме. Сите се изморени од чекање, но Европската Унија е нашата стратешка определба. Од секогаш сум велел кога сме внатре и сме во процесот е поинаку, имаме друг политички третман, повеќе можности, фондови и полесно се решаваат проблемите, истакна Маричиќ во емисијата.
Вицепремиерот додаде оти мораме да бидеме реални дека постојат структури кои не и мислат добро на нашата држава ниту на регионот и влијаат со тенденција да останеме во изолација и без перспектива, потенцирајќи дека заради тоа е важно да се задржи државата на европскиот пат.