Власта на СДСМ и ДУИ ја лажат македонската јавност. Со денови манипулираат и кријат што содржи протоколот договорен со Бугарија или ако сакате годишниот извештај, документ кој е клучен во текот на преговорите. Токму во овој документ се уредени сите клучни барања на Бугарија и е врамен во преговарачката рамка.
Бидејќи власта го крие, информациите за овој документ ги дознаваме од странски медиуми. Овој протокол предвидува конкретни обврски на Македонија кон Бугарија, диктат кога и кој учебник треба да се промени, диктат која лекција за некој историски настан или лик треба да се промени, диктат кој споменик да се објаснива со натпис, како ќе се уредува наводниот говор на омраза и слични други понижувачки моменти за Македонија кои водат до асимилација.
Затоа на Власта и се брза со наводните консултации. Затоа им се брза и со собраниската расправа, која нема апсолутно никаква врска со процесот, бидејќи се работи за МЕЃУВЛАДИНА конференција. Единствената реална улога која ќе ја има собранието е кога ќе треба да гласа по уште една уцена за почеток на преговорите, а тоа е промената на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека оваа уцена нема да дозволи помине.
Манипулациите на власта не поминуваат кај граѓаните, кај експертската јавност и интелектуалците. Огромно мнозинство од народот вели не на ваквите диктати, ултиматуми и асимилација. Народот знае дека со прифаќањето на ваков предлог владата добива само една фотографија, а Македонија добива или бесконечни преговори или асимилација. Затоа народот масовно, достоинствено и мирно, но сепак гласно и јасно вели Ултиматум, НЕ благодарам!