Попладнево на социјалните мрежи ја видов најавата на утрешната емисија “Срце на дланка” на Алфа телевизија во која е споделена сторија за Медијан, младо момче од населбата Хиподром, напишаа на Фејсбук градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-За жал Медијан има тешка животна приказна. Драгица жената која го земала од државата и го одгледала починала и денес тој живее во лоши услови, без струја и е невработен.
Веднаш по информирањето од сторијата, преку моите соработници во општината направив контакт со другар на младиот Мете и ги поканив да дојдат во општината во понеделник во 12 часот.
Превземам обврска пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба да му помогнам на Мете да има основни услови за живот, напиша Стефковски на Фејсбук.