По повод големиот празник Курбан Бајрам честитка до сите верници, во земјава и надвор од неа упати Сојузот на Македонците со исламска религија.
– Честит и за многу години големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби за многу здравје, среќа, радост и благосостојба. Празникот ги потенцира човечките доблести за солидарност, грижливост, помагање и дарување. Не учи да си помагаме и почитуваме едни со други, стои во честитката.
Ваквите големи празници, се наведува, отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.
– Празникот Курбан Бајрам нека ни даде поттик и нека ни донесе мир во душата, благосостојба во семејството и среќа во заедницата, се нагласува во честитката потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.