Медведев гледаше Формула 1 наместо финалето на Вимблдон

Тој е светски рекет број еден, но не можеше да игра на Вимблдон – Данил Медведев на телевизија ги следеше настаните на лондонскиот Грен слем. Или можеби не.

Рускиот тенисер на своите социјални мрежи објави фотографија која кажува повеќе од зборови – додека Ѓоковиќ и Кирјиос го играа финалето, тој легнат на фотелја ја гледаше трката во Формула 1 за Големата награда на Австрија. Дали подоцна го смени каналот во тенис?

Медведев, како и другите руски и белоруски тенисери, не можеа да настапат на турнирот поради одлука на британската влада и организаторите на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави