Поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од улицата „Козле”.
Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.