СДСМ да не уфрла полициски провокатори во протестите, народот покажа дека не подлегнува на провокации.
Залудни се обидите на СДСМ да прикаже насилност на протестите. Народот не е насилен, туку на мирен начин им покажува дека не го поддржува предлогот кој значи бугаризација, возвраќа опозициската ВМРО ДПМНЕ по прес-конференцијата на Дарко Каевски.
-Народот е освестен, и лагите и обидите за дестабилизација на СДСМ нема да поминат.
Ковачевски наместо да ги користи пратениците на СДСМ како гласачка машина за штетни предлози, да го одбие овој предлог и да прифати измени во истиот за заштита ма македонските национални интереси.