На 09.07.2022 во 17.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом во населба Драчево во кој живеела, пронајдена е почината С.И. (48) од Скопје.
Според МВР, жената имала здравствени проблеми.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.