Избегната трагедија: Сајнц спасуваше жива глава од запалениот болид

Пред една недела во Силверстон прв пат победи во кариерата, а денеска во Спилберг Карлос Сајнц (27) буквално мораше да си го спасува животот. Бегството од запаленото Ферари беше најдраматичниот момент на трката за ГН на Австрија, каде славеше неговиот тимски колега Шарл Леклер, пред Верстапен и Хамилтон.

Моментот на страв дојде на седум круга до крајот, кога Сајнц забележа чад и се паркираше покрај патеката. Не, не, не“, очајуваше Шпанецот кој само што требаше да го нападне Макс Верстапен и да брка двојна победа на Ферари. Чадот за секунда се претвори во оган, а огнот се претвори во пожар кој на пожарникарите им предизвика многу работа.

Излегувањето од автомобилот беше комплицирано поради фактот што Сајнц прво мораше да ја отпушти сопирачката, поради што Ферарито се спушти надолу, а пожарот се приближуваше до пилотската кабина и возачот. За среќа, филмските сцени не траеја долго; синот на двократниот светски шампион во рели успеа да се ослободи и набрзо се возеше со својот скутер кон боксот.

„Карлос се откажа поради технички дефект. Ова навистина боли“, објави Ферари.

За Сајнц ова е четврто откажување сезонава, по Мелбурн, Имола и Баку. На другите трки, тој постигна шест подиуми и едно четврто место.

https://twitter.com/formulaark/status/1546135556244901895

Треба да знаете
Последни објави