Најмалку четиринаесет лица се убиени, а тројца се тешко повредени синоќа во бар во Совето, предградие на Јоханесбург по масовно пукање.
Властите ги истражуваат извештаите дека група мажи пристигнале со минибус и отвориле оган врз лица во објектот. Засега не се познати причините за нападот.
Четворица повредени, од кои тројца потешко, се пренесени во болница.
Од бројот на чаури од голем калибар на местото на злосторството, може да се заклучи дека имало повеќе напаѓачи и неселективно пукале во луѓето во барот, јавија локалните медиуми.