Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека САД очекуваат дека во наредните недели претседателот Џозеф Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг ќе имаат можност да разговараат.
Меѓутоа, на новинарско прашање во Тајланд дали Бајден и Си би можеле да ја одржат својата прва средба лице в лице на маргините на самитот на Г20 во Бали во ноември, Блинкен рече дека не може да зборува за тоа што може да се случи наесен.
Тој рече дека не може да каже кого ќе испратат САД на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Тајланд.