(Видео) Несекојдневна глетка- торнадо преврте чамец во Охрид

Туристи кои престојувале во апартмани на потегот меѓу Лагадин и Пештани забележале несекојдневна појава на Охридското Езеро.

Ветер кој прави центрифугално движење и формира торнадо, кое со голема брзина се движи по површината на водата.

Како што се крева прашина во торнадо, водата се крева од површината на езерото и го превртува чамецот што беше закотвен.

Вакви појави досега не се забележани на Охридското езеро.

Треба да знаете
Последни објави