Зеленски ги отповикал украинските амбасадори во Германија, Унгарија, Чешка…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отповикал неколку високи претставници на Киев во странство, се наведува на веб-страницата на претседателот. Во прогласот, во кој не се наведува причината за отпуштањата, Зеленски објави дека се разрешени украинските амбасадори во Германија, Индија, Чешка, Норвешка и Унгарија. Не е јасно дали тие ќе добијат нови позиции.

Деликатен односот на Киев со Германија, која во голема мера зависи од руските енергетски резерви и е најголемата европска економија. Киев и Берлин моментално се во спор околу турбината од германско производство што е на одржување во Канада. Германија сака Отава да му ја врати турбината на рускиот гасен гигант Газпром за да може да испраќа гас во Европа.

Киев ја повика Канада да ја задржи турбината, со објаснување дека нејзиното испраќање во Русија ги прекршува санкциите наметнати кон Москва.

Треба да знаете
Последни објави