-Во Собранието засега има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата бидејќи стигнат е еден документ од еден лист во кој ја нема ниту преговарачката рамка во целина таа што можевме да ја видиме на медиумите, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ, а најмногу се крие двостраниот македонско-бугарски протокол и сметаме дека спикерот Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи за да може да дебатираме инаку на што би дебатирале. Но, во секој случај утре ќе бидеме во Собрание бидејќи почнува ребалансот на буџетот и дебатата за истиот.Ќе направиме се што е во наша моќ во Собранието ова да не оди брзо и лесно и ќе направиме се што треба да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73% од Македонците се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка која што станала европска и сметам дека истата е пораз на бугарската дипломатија и тоа во Собранието ќе го разобличиме темелно, истакна Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител.
Тој во текот на своето гостување потенцираше дека не е точно дека не може да се смени нешто во однос на преговарачката рамка затоа што таа рамка треба да има конкретни и содржински измени.
-Гледам дека Владата се обидува да ја релативизира лошата преговарачка рамка на која што веројатно се согласиле и сега Македонија е доведена пред свршен чин. Јавноста експертска, новинарската, законодавната преку пратениците да прифати нешто, еден лош договор кој што македонската дипломатија не успеала да го направи подобро. Не е точно дека не може да се смени нешто затоа што ова преговарачка рамка треба да има конкретни, содржински измени за да биде текст кој што ќе може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, рече пратеникот, кажа тој.
Тој посочи дека преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак.
-Хрватска за време на своите преговори имаше на почетокот одредени за неа неповолни позиции, но се обеденија сите и успееја да си издејствуваат подобра позиција. Сакам да кажам ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собрание, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри и треба да се подобри бидејќи ваква што е не води во ќорсокак. Ниту нуди европска перспектива, јасна и конкретна, ниту нуди подобра односи со Бугарија, напротив ќе имаме поголеми тензии и дополнително со барањето за смена на Уставот само ќе создава поларизација во Македонија. Ние имаме 3 штетни последици од ваквата преговарачка рамка, додаде Милошоски.