Анти европската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица има проблем со пласираните невиситини.
Не може да има бугаризација со македонски јазик во ЕУ.
Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого.
Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација.
Невистините за бугаризација и асимилација се пласирани затоа што немаат вистинска аргументација противниците на членството во ЕУ.
Анти-европска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невиситни.
Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.
ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.
Сето ова говори за сериозноста на одредени анти европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.
Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани.
Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата.