Бала: Следната недела Прва меѓувладина конференција со Албанија, се надеваме и со Република Северна Македонија

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија и генерален партиски секретар Таулант Бала изјави дека Првата меѓувладина конференција со Албанија „а се надева и со Република Северна Македонија, ќе се одржи следната недела 19-20 јули, што е добра вест”.

Бала учествува на меѓународниот симпозиум Symi што се одржува во Атина а се обратил на панелот „Импликации од војната во Украина – Стратегија за унапредување на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан”, заедно со премиерот на Косово Албин Курти и претставници од другите земји од регионот.

-Но, да не заборавиме дека почетокот на преговорите за членство со уште две земји во регионот не е доволен во новите геополитички услови по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија врз Украина, рече Бала.

Во својот говор, според агенцијата Балкан веб, Бала истакнал дека Берлинскиот процес веќе осум години е вистинскиот инструмент за нормализација на односите и соработката меѓу земјите од Западен Балкан а Отворен Балкан е неопходен инструмент за имплементација на терен на четирите основни слободи на ЕУ, гарантирајќи слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги.

Според Бала, неодобрувањето визна либерализација за косовските граѓани од страна на ЕУ е „уште еден срам за кредибилитетот на ЕУ”.

Треба да знаете
Последни објави