Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во кумановското село Романовце, соопштија oд СВР Куманово и општата болница.
Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило, појаснуваат од СВР Куманово и додаваат дека увидот се уште трае.
Директорката на болницата Снежана Захариева информираше дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники.
– Двајцата пациенти се во стабилна состојба, изјави Захариева.
Фото: kumanovonews.mk