Владејачката партија во Јапонија оствари убедлива победа на изборите за Горниот дом на парламентот – Домот на советниците.
Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Фуми Кишида освои 63 пратенички места или повеќе од половина од 125-те места за кои се натпреваруваа партиите, пренесува агенцијата „Кјодо”.
ЛДП и нејзиниот коалициски партнер Комеито обезбедија вкупно 76 места и на тој начин го задржаа мнозинството во 248-члениот Горен дом на парламентот.
Партиита што се борат за уставните амандмани, меѓу кои Коалицијата ЛДП-Комеито, две опозициски партии и независни партии, обезбедија 179 места во Горниот дом на парламентот, надминувајќи го прагот од 166 места во Горниот дом што е предуслов за прва ревизија на Уставот од 1947 година.
Главната опозициска партија – Уставно-демократската партија, освои само 17 пратенички места, додека ЛДП забележа најдобар резултат од 2013 година.
Опозициската Јапонска иновациска партија што исто така се залага за уставни реформи, освои 12 места.