Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во период од 8 до 10 јули направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19, од кои 29 се реинфекции. Оздравени се 463 пациенти, а нема пријавени починати лица во изминатите три дена. Регистрирани се четири починати лица во период од 28 јуни до 7 јули. Во моментов активни се 1.645 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број тестирања, во изминатите три дена најголем број случаи се регистрирани во Скопје – 314. Во Битола регистрирани се 35 случаи, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица, од кои две лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28 јуни до 07 јули 2022 година.
Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.