Водата во Скопје безбедна за пиење

– Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 45 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 до 8 јули зема 199 примероци за физичко-хемиска и 199 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. 

Треба да знаете
Последни објави