Момче исчезна во Јонско Море на Лефкада

По немилиот настан во Грција, откако три момчиња од Македонија исчезнаа на ртот кај Посиди на Халкидики, по што две беа пронајдени, денеска доаѓа нова лоша вест од кај јужниот сосед.

На социјалните мрежи се појави статус дека исчезнало момче на плажата Милос на Лефкада во Јонското Море, а засега не е познат неговиот идентитет.

-Во водата исчезна момче на 25-годишна возраст. Брановите не беа големи, но тоа исчезна. Како да го проголта морето. Во акција беа полицијата и нуркачката служба, но не го пронајдоа, пишува на статусот на групата „Грчка инфо“.

Треба да знаете
Последни објави