Во саботата, околу 19 часот, во хрватски Вараждин, во несреќен случај настрадал 58-годишник, објави тамошната полиција.
„Тој му помагал на пријател на семејниот посед. Во еден момент на поседот пристигнал рој стршни, кои се наоѓале под стог сено. Ги нападнале. Двајцата мажи се засолниле во семејната куќа, а на 58-годишникот му се слошило од добиените убоди“, известила полицијата.
На местото набргу пристигнала брза помош, која се обидела да го реанимира човекот, но безуспешно.
Наредено е да се изврши медицинска обдукција.