Согласно документите кои се дел од преговарачката рамка која Владата на Ковачевски ја прифаќа, Македонија ќе мора да ги смени учебниците, да го отвори Уставот и да ги направи Бугарите од Македонија заедница, а не малцинство, односно да станат државотворен народ.
Сето ова стои во официјалниот текст на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Македонската влада го крие како државна тајна, ама затоа бугарските медиуми веќе објавуваат делови од таквиот договор без кој нема почеток на преговорите со ЕУ.
Согласно пишувањата во медиумите и согласно протоколот ниту македонскиот јазик не е заштитен. Во однос на јазикот, во протоколот е наведено дека Бугарија не прифаќа и нема да прифати, експлицитно или имплицитно, постоењето на „македонскиoт јазик” во етнички и историски контекст. Сето ова владата на антимакедонска СДСМ и ДУИ го крие.
Јавно повикуваме Владата да го објави протоколот каде според наши информации се предвидува менување на Уставот со вметнување на Бугарите како државотворен народ, менување на учебниците по бугарски терк и проблематизирање на македонскиот јазик кој Бугарите го сметаат за бугарски дијалект.
Исто така јавно да одговори владата ако е толку добар протоколот зошто се крие од увид на јавноста, а Бугарите веќе го брифираат, зошто никој во Македонија освен владата го нема прочитано?
Ова се прашања на кои целиот народ бара одговор. На мала врата сакаат да протуркаат бугаризација против која народот жестоко се спротивставува.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ