Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат делови од општините Студеничани, Аеродром и Гази Баба, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 08.30 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.2, позади „Кувајт Петрол” во општината Студеничани, а во периодот од 08.30 до 12.00 часот, дел од ул.„Гаврил Константиновиќ” во потегот од пералните до ресторан „Рагуза” во општината Аеродром.
Без струја во периодот од 08.35 до 14 часот утре ќе бидат дел од корисниците од ЈахјаКемал, Факултет за туризам, бизнис и логистика УГД, Електро машински училишен центар, гостилница „Полигон”, Електро Микица и сите продавници во негова близина, АСУЦ и Студентскиот дом „Томе Стефановски” во општината Гази Баба.