Таа енергија, искрена емоција и крик кои ги има кај народот на протестите, тој глас кој го слушаме на улиците ја плаши власта. Исплашени се од народот, не очекуваа вакви реакции и мислеа дека глатко ќе им помине предавството. Факт е дека им треба дефокус и по неколку параметри бараат личности и појави да ги дискредитираат и тоа е ништо ново од кујната на СДСМ, озјави Драган Ковачки во емиијата „Заспиј ако можеш“ н Алфа.тв.
Ковачки посочи колку е лош овој француски предлог може да се види и од зборовите на претседателот Пендаровски кој ги изнесе сите аргументи поради кој овој предлог не смее да помине.
– Претседателот не е на ниво на задачата, тоа што го слушнавме на едно негово интервју, тој ги изнесе сите аргументи зошто францускиот предлог не треба да помине. Од најмала рака аргументите што ги даваше беа против францускиот предлог, меѓутоа заклучокот негов беше за предлогот, што не содејствува. Ако сака некој да го сруши францускиот предлог треба да го гледа тоа интервју со Пендаровски и тука се сите аргументи дадени, потенцираше Ковачки.
Во врска со обвинувањата на власта за странско мешање во протестите и лица за немири, Ковачки посочи дека прво тоа е несериозно од нив такви обвинувања, а ако имаат информации треба да постапат наместо да излегуваат по телевизии и додаде дека приведеното лице всушност е член на СДСМ.
– Несериозно од првиот човек на државата и не е само тој. Имаа изјави и премиерот, министерот за внатрешни и министерот Маричиќ зборуваа за некакви сценарија. Доколку имаат такви сознанија прво тие не се изнесуваат во јавност, затоа што ако има такво нешто треба да постапат службите, а таквите лица, да не се дозволи да направат нешто доколку навистина се дојдени и да бидат спречени. Второ ако имате сознанија дека тие лица се тука и сте дозволиле тоа да го направат за што се дојдени, тогаш каде е постапката? Само едно лице е уапсено. Според наши сознанија станува збор за активист на СДСМ, не станува збор за странски државјанин, јас дури и иницијалите ги изнесов, Ј.С, лице од Гази Баба кое што учествувало во подготовка на молотов коктел.
Власта на секој начин се обидува да ја убие оваа енергија која што постои, тие се веќе исплашени од оваа состојба во која ја доведоа државата.
Обидувајќи се да ја умртват таа енергија кај народот, тие организираат такви групации со цел да го исплашат народот, да го поколебаат да не излегува во толкава бројка и да им помине предавството. Што е неуспешно. Народот на тие закани одговара со масовност и поголем крик и нема да дозволи да се изврши ова предавство.