Денеска (11.07.2022) Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка.