„Веќе два дена минуваме низ навистина претежок период кој не се опишува со зборови, со огромна надеж дека нашиот Мартин ќе биде пронајден жив и здрав. Истовремено, читаме дека се објавија голем број на шпекулации и претпоставки во медиумите, затоа би сакале да ја кажеме вистината, вели вели за „Фокус“ блиска роднина на Мартин, момчето кое пред два дена исчезна во водите на Егејското Море на Халкидики.
Двајцата другари беа пронајдени и се добра состојба.
Таа додава дека сите се потресени од настанот, но надежта не ги остава. Мартин заминал со десетина другари во Грција во саботата, истиот ден кога се случи настанот. Подолг период го планирале патувањето, на кое сакале да го прослават роденденот на нивниот пријател Иван, момчето кое беше спасено по околу 19 часа минати во морето.
„Плажата ја гледав на фотографии, изгледа волшебно, безопасно. Момчињата, колку што сум информирана, планираа да останат околу три дена. Во моментот на настанот, тие биле во плиткото, се случило наеднаш, едноставно водата ги земала, а брановите станале многу силни… Иван скокнал да го дофати Мартин, но водата го однела и него. Денес ги пребарувале бреговите, утре ќе се трага со дрон под вода, мајката на Мартин треба да потпише согласност, и ако не го најдат, толку е, истрагата завршува. Многу ни е тешко, но сепак сакавме да се знае вистината. Посакуваме и се надеваме дека Мартин стигнал до некое копно, дека се ќе биде во ред. Останатите момчиња веќе се во Скопје, разговаравме, се надеваме да ни се врати и нашиот Мартин жив и здрав“, порачува роднината на младото момче.