Лукашенко тврди дека западните земји планираат да ја нападнат Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за „плановите” на Западот да ја нападне Русија.

– Неодамна, а и вчера со Путин детално разговаравме за подготвените стратешки планови за напад врз Русија, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека „плановите” предвидуваат офанзива „преку Украина и Белорусија” врз Русија.

Лукашенко вчера телефонски разговараше со Путин.

Треба да знаете
Последни објави