Младите најпогодени од губењето работа за време на пандемијата со Ковид-19

Пандемијата најсилно ги погодила младите на пазарот на трудот, покажува последниот извештај на Европската Комисија за развојот на трудот и социјалната ситуација во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Младите под 30 годишна возраст највеќе изгубиле работа за време на пандемијата и најтешко повторно наоѓаат работа откако се подобри економската ситуација.

Една од причините за оваа состојба, според извештајот, е што младите најчесто имаат договори на неопределено време и тешко наоѓаат работа по школувањето.

Извештајот дава препораки во однос на социјалната и трудовата политика што земјите членки на ЕУ треба да ја преземат за да ја сменат оваа состојба и да им се помогне на младите да станат независни, посебно со оглед на геополитичкиот контекст и војната во Украина.

Еврокомесарот за социјални прашања и труд, Никола Шмит, изјави дека бројни млади се високообразовани, со високо дигитално знаење и голем интерес за еколошките прашања, и времето на дигитална и зелена транзиција треба да биде време за можности за нив.

Треба да знаете
Последни објави