„Сефора” ги продава сите свои 88 продавници во Русија

Францускиот бренд „Сефора” (Sephora) соопшти дека ќе ги продаде сите свои 88 продавници во Русија на локален генерален менаџер кој ќе го преземе бизнисот под името „Островот на убавината”.

Раководството на „Сефора” најави потпишување на договорот за продажба на сто проценти од акциите на својата подружница во Русија на локалниот генерален директор, за да не бидат отпуштени вработените.

Висината на трансакцијата не е објавена, а сумата се проценува на околу осум милијарди евра.

Продавниците на „Сефора” во Русија, како и сите (124) продавници на групацијата „ЛВМХ” (Louis Vuitton, Dior, Celine и други луксузни брендови) се затворени од почетокот на март по руската инвазија врз Украина, а подоцна и поради воведувањето европски санкции.

„Сефора” е во во Русија од 2016 година, со 88 продавници со 1.200 вработени.

Треба да знаете
Последни објави