Навистина не е разбирливо зошто пратениците на СДСМ се нервозни за објавените телефонски броеви на социјалните мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие телефонски броеви и мобилни апарати им ги плаќа токму народот, истиот народ од коj тие се избрани“, потенцираат во нивното соопштение.
Телефонските броеви на народните избраници, според опозициската партија, не се тајна и треба секој граѓанин да ги има, бидејќи тие седат во Собранието токму заради народот.
„Пратениците на СДСМ не треба да бегаат од народот, а особено од прашањата зошто не е објавен протоколот кој министерот за надворешни работи Османи го крие и што содржи тој pротокол и какви гаранции има во предлогот за заштита на македонскиот идентитет“, прецизираат во информацијата од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, во пресрет на утрешната пленарна седница, на која се очекува ќе биде разгледуван францускиот предлог, на социјалната мрежа „Твитер“ се појави слика со телефонските броеви на пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција.