Екстремно високи температури во Кина, луѓе умираат од топлотен удар

Топлотните бранови го зафатија големиот слив на реката Јангцегјанг во Кина, со густо населени градови од Шангај на брегот до Ченгду.

Повеќе од 90 црвени предупредувања за високи температури, најстроги во системот за предупредување од три нивоа, се активни низ Кина, објави „Ројтерс“.

Повеќето предупредувања беа во сливот на реката Јангцејанг, кој се простира на речиси 2.000 километри. Комерцијалната престолнина на Кина, Шангај, го издаде својот втор црвен аларм за четири дена, предупредувајќи на температури кои надминуваат 40 степени Целзиусови.

Градежништвото и другите активности на отворено во Шангај мора да се намалат, па дури и да се запрат под црвен аларм, што е историски многу ретко за градот со 25 милиони жители, наведува британската агенција. Кина се подготвува за екстремно лето оваа година, од големи топлотни бранови до продолжени дождови. Градовите јужно од реката Јангцејанг беа особено погодени од интензивната топлина и рекордните врнежи.

„Во споредба со претходните години, летото во Нанџинг никогаш не било пожешко од оваа година“, вели 77-годишен пензионер во градот со над девет милиони жители во близина на Шангај.

Провинцијата Жеџијанг, јужно од Шангај, издаде рекордни 51 црвен аларм во еден ден, при што локалните медиуми објавија дека луѓе биле примени во болниците поради топлотен удар, некои дури и умирале од него.

https://youtu.be/LYh_QYVrlZw

Треба да знаете
Последни објави