Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден.
Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.
Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот, и секоја информација навремено ќе биде пренесена.