Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге е назначен за вршител на должноста претседател на државата, објави денеска спикерот на Парламентот, Махинда Јапа Абејвардана.
Абејвардена во изјава емитувана на телевизија рече дека претседателот Готабаја Раџапакса, кој ја напушти земјата претходно во текот на денот, го овластил Викремесинге да постапува во негово име.
По неколкунеделните протести што кулминираа со упадот на демонстранти во неговата резиденција во саботата, Раџапакса изутринава со авион на военото воздухопловство побегна за Малдиви. Уште претходно тој најави дека денеска ќе поднесе оставка на функцијата.