Утре сончево и топло со температури до 34 степени

Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната од 26 до 34 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во следните два дена ќе има извесно зголемување на облачноста со натамошен пораст на температурата на воздухот. В недела ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Треба да знаете
Последни објави