Хаос во Шри Ланка, премиерот прогласи вонредна состојба откако претседателот побегна од земјата

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, прогласи вонредна состојба во цела Шри Ланка, а полициски час е воведен во западниот дел на земјата. Илјадници луѓе протестираат, а полицијата употреби солзавец врз дел од демонстрантите.

Претседателот Готабаја Рајапакса побегна од земјата рано утринава, објави „Асошиејтед прес“, цитирајќи неименуван претставник за миграција.

Семејството Рајапакса, вклучително и поранешниот премиер Махинда Рајапакса, со години доминира во политиката на 22-милионската земја и повеќето жители на Шри Ланка ги обвинуваат за актуелните проблеми.

Треба да знаете
Последни објави