Пожарникарите од префектурата Бордо на југозападниот брег на Атлантискиот Океан се борат со неколкуте шумски пожари што избувнаа во регионот, во услови кога сушата и топлотниот бран создаваат идеални услови за нивно ширење.
Локалните власти соопштуваат дека на терен се распоредени 120 пожарникари и четири канадери за гаснење пожар од воздух. Пожарникари пристигнуваат и од други области.
Во шумските пожари во областите Ландирас и Тест-де-Буч уништени се површини од околу 450 хектари. Чадот што се извиваше над областите зафатени со пламен може да се забележи и од градот Бордо. Телевизиските станици јавуваат и за евакуација на население од засегнатите области.
Француската метеоролошка служба издаде предупредување за продолжување на топлотниот бран, со прогнози дека во текот на денешниот ден температурата ќе достигне до 37 степени Целзиусови.