Бајден допатува во посета на Израел

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Израел во рамки на неговата мини блискоисточна турнеја, за време на која во Саудиска Арабија ќе се сретне и со лидерите на земјите од Персискиот залив, како и со Египет, Ирак и Јордан. Се очекува централни теми на овие средби ќе бидат зголемувањето на производството на нафта и обидот за приближување на Тел Авив и Ријад.

Бајден ќе помине два дена во Ерусалим на разговори со израелските лидери пред да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас в петок на окупираниот Западен Брег.

Покрај средбата со Јаир Лапид, вршител на должноста премиер на Израел, Бајден ќе се сретне и со поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, сега лидер на опозицијата.

Разговорите на Бајден со палестинскиот претседател Абас ќе претставуваат највисоко ниво на директен контакт меѓу САД и Палестинците откако поранешниот претседател Доналд Трамп презеде тврд пристап кон Палестинците по преземањето на функцијата во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави