Вингегард е нов лидер на Тур де Франс, Погачар не издржа на Алпите

Данецот Јонас Вингегард е нов носител на лидерската жолта маичка на Тур де Франс, по пеколниот ден за словенечкиот лидер и актуелен шампион Тадеј Погачар на 11. етапа.

Минатогодишиот вицешампион Вингегард нападна на 4.9 километри пред крајот на етапата, за да го остави Словенецот зад себе, кој не ги издржа постојаните напади од тимот на Вингегард, Џамбо-Висма. Mеѓу нив прв нападна сонародниот на Погачар, Примож Роглич. Тие ја презедоа контролата на искачувањето Галибие, изолирајќи го Погачар, кој на крајот потклекна на последното искачување на денот, Кол ду Гранон, во должина од 11.3 километри со просечно искачување од 9.2 отсто.

Од тој момент, низа велосипедисти се дистанцираа од Погачар – Наиро Квинтана беше втор зад Вингегард, со Роман Барде на третото место. На крајот, Вингегард има 2 минути и 16 секунди предност пред Барде, додека Погачар сега е трет со 2:22 послабо време.

Треба да знаете
Последни објави