Бразил сака да купи што е можно повеќе дизел гориво од Москва, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Карлос Франка во Обединетите нации.
Франка ја окарактеризира Русија како стратешки партнер и нагласи дека неговата земја се соочува со недостиг на дизел гориво потребно за земјоделството и возачите.
– Затоа баравме многу сигурни добавувачи на дизел, а Русија е една од нив, изјави министерот коментирајќи ја изјавата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека Бразил и Москва постигнале договор и оти руско дизел гориво ќе почне да пристигнува во следните 60 денови.
Болсонаро претходно им порача на своите приврзаници дека Бразил ќе го добие горивото „поевтино”.
– Русија продолжува да тргува со целиот свет, нагласи Болсонаро.
Франка подвлече дека двете земји се партнери во групата БРИКС, а Бразил се потпира на Русија и Белорусија и за снабдување со ѓубрива.