Поранешниот гренд слем шампион, Марин Чилиќ и неговата сопруга Кристина денеска го крштеваа својот син Вито во Задар, каде што кум му беше славниот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
„Крштевањето на Вито. Прекрасен ден со семејството и пријателите. Благодарност до свештеникот Бојан и црквата ‘Срце Исусово’ во Задар за овој посебен ден. И секако, благодарам до кумот на Вито“, напиша Чилиќ на Инстаграм.
Чилиќ и неговата сопруга, инаку психолог и политиколог се запознаа кога тенисерот играше за хрватската Дејвис куп репрезентција во 2018 годдина во Дубровник. Тие се во брак од 2018 и имаат уште еден син, Балдо.