Во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипата на Удинезе со високи 11:0 го совлада Лиенц од Австрија.
Стартер за италијанскиот клуб беше Илија Несторовски кој ја најави гол серијата со погодок во 10 минута од средбата.
По двапати во листата на стрелците се запишаа Ловриќ, Арслан и Макенго, а по еден гол имаа Саксес, Деулофеу, Перејра и Кочета.
Овој месец составот на Андреа Сотил ќе има уште два контролни мечеви против Баер Леверкузен на 21 јули и против Челси на 29 јули.
Потсетување дека македонскиот репрезентативец Несторовски летово потпиша нов договор на една година со Удинезе.