Србија е единствената земја кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитувала новите рестриктивни мерки на ЕУ против Иран.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска соопшти дека на одлуката усвоена од Европскиот совет на 27 јуни ѝ се приклучија земјите кандидати: Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка и членки на Европската економска област.
Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуката на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, се додава во соопштението.