Фон дер Лајен ќе се сретне со државниот врв пред да се обрати пред пратениците

Во посета на Македонија утре ќе пристигне една од најмоќните политички фигури во Европа и во Германија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа ќе има средби со македонскиот државен врв, а ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Македонија.

Работната посета  Фон Дер Лајен ќе ја почне во 11 часот со средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Посетата на Македонија претседателката на Европската комисија ќе ја продолжи со средба со претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, по што во 13 часот закажана е и собраниска седница на која ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Половина час подоцна закажана е уште една пленарна седница на Собранието на која ќе се разгледува францускиот предлог, односно Информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави