Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата „со крената глава” иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал, објавија британските медиуми денеска кога поранешниот министер за финансии Риши Сунак доби најмногу гласови во првиот круг од гласањето за наследник на Џонсон.
„Апсолутно е точно дека заминувам во момент кој не е по мој избор. Заминувам, но со крената глава”, рече Џонсон речиси една недела откако ја објави својата оставка, изнудена од масовните оставки на министрите и другите членови на неговиот кабинет по серија скандали.